Пукотници во близина на пристаништето во Ница

од desk2

Непознато лице денеска отворило оган врз минувачите во близина на пристаништето во францускиот град Ница, јавува весникот „Нис Матин“.

Весникот јавува дека полицијата го опколила местото на нападот, но не успеала да го запре напаѓачот, кој истрелал неколку куршуми.

Според првичните информации, полицијата се упатила кон стан во зграда во близината каде се претпоставува дека напаѓачот побарал засолниште.

Телевизијата Франс 3 објави дека нема жртви ниту повредени.

Слични содржини