Путин: Русија останува лидер во светскиот спорт

од desk4

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ситуацијата со олимпијците и казните не влијаеле врз Русија и таа се уште зазема водечко место во спортот.

Путин присуствуваше на состанок во Краснојарск, каде што се прават подготовки за зимската универзијада во 2019 година.

Русија нема право да учествува со тим на олимписките игри во Пјонгчанг, поради систематскиот допинг на руски спортисти.

Меѓународниот олимписки комитет дозволи настап на руските спортисти под неутрално знаме, иако доживотните казни на 28 олимпијци беа повлечени.

Слични содржини