Радијата утрово ја почитуваат забраната – нема ни македонска , ни српска музика

од Vladimir Zorba
117 прегледи

folk-fest-valandovo-3

Од утринава на радиостаниците веќе не се пуштаат или се емитуваат ниту македонска, ниту српска музика, информира СакамДаКажам.

Забраната за емитување српска музика почна од ноќеска на полноќ, а од пред десет дена е забрането емитување македонска музика.

Македонските телевизии и радио станици од утринава, покрај светските хитови, од регионот пуштаат хрватска, бугарска, бошњачка, албанска, грчка или друга музика.

Исклучок од забраната на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) и на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, како што велат од Здружението на приватни медиуми на Македонија (ЗПММ), ќе бидат музичките емисии од Србија, за кои македонските телевизии ги имаат откупено правата, а такви се „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“.

Поради забраната за емитување македонска музика, викендов нема да се одржи Фолк фест Валандово, најстариот фестивал на македонски новокомпонирани песни./

Слични содржини