Ракета лансирана од Појасот Газа погоди израелски град

од Vladimir Zorba

   Ракета лансирана од Појасот Газа вечерва го погоди израелскиот град Сдерот, соопшти Армијата на Израел, без да прецизира дали проектилот предизвикал жртви и материјални штети.

Како што јави МИА, ова е трета ракета истрелана врз Израел откако американскиот претседател Доналд Трамп во средата реши да го признае Ерусалим како израелски главен град.

Претходно, како одговор на првите два ракетни напади, ираелски авиони денеска бомбардираа камп за обука и складиште за муниција на исламистичкото движење Хамас во Појасот Газа.

Според палестински извори, при израелските воздушни напади биле ранети најмалку 15 лица.

Слични содржини