Раскол во ВМРО ДПМНЕ! Имав 3-часовна кавга со Груевски, му кажав дека не може да фаворизира луѓе

од Vladimir Zorba

Раскол во ВМРО-ДПМНЕ пред закажниот, вонреден Конгрес, за кој не се знае дали воопшто ќе се одржи. Истакнати членови сметаат дека Конгресот се користи за поддршка на еден кандидат. Високи функционери бараат колективно раководство да ја води партијата пред организирање Конгрес.

Неофицијално, причина за расколот е протисокот од Никола Груевски, негов наследник да биде Христијан Мицкоски.

Синоќа  во Ноќно студио гостин беше еден од кандидатите, Филип Петровски.

Тој истакна дека се согласува со писмото на истакнатите членови и дека тоа што се случува на терен не е демократски процес за избор на претседател.

„Се врши притисок и насилие врз членовите. Мицкоски е фаворит на Груевски, но не е фаворит на ВМРО-ДПМНЕ“.

 „Постојат многу луѓе блиски до Никола Груевски кои се делегати, а немаат никаков бекграунд во партијата“.

Тој смета дека на партијата и треба брза консолидација затоа што ги чекаат тешки прашања за државата. Петровски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во најтешка ситуација од формирањето на партијата.

„Конгресот не смее да биде циркус и делегатите да гласаат под притисок“.

Петровски кажа дека имал три часовна кавга со Никола Груевски, каде на екс лидерот му кажал дека не може да фаворизира луѓе.

Петровски обвини дека Спиро Ристовски кој треба да го организира Конгресот оди по терен и собира потписи за Мицкоски. Тој додаде дека Мицковски ја злоупотребува инфраструктурата на партијата, но нема демократски капацитет, ниту легитимитет затоа што загуби локалните избори како генерален секретар и шеф на изборен штаб.

Димовски, Милошоски, Вељаноски: Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ да се одложи

 

 

 

 

Слични содржини