Министерот за финансии Кирил Миноски од собраниската говорница порача дека законските процедури за издавање на еврообврзницата се целосно испочитувани. Најголемиот дел од средствата, односно околу 180 милиони евра ќе бидат искористени за плаќање на обврските кои треба да бидат подмирени до декември 2016, информира ТВ21.

minoski

Според него, на граѓаните треба да им се каже вистината дека е неопходно земјата да се задолжи. Тој најави дека задолжувањето ќе продолжи и во наредниот период. Министерот Миноски во собранието го правдаше ребалансот и проекциите на буџетот.

Марјанчо Николов од СДСМ побара ребалансот да биде повлечен, бидејќи како што вели, во него се вклучени и средствата од еврообврзницата, чие издавање е незаконско. Николов вели дека другите земји се задолжуваат со пониски камати, како Италија со 1,5%, додека каматата за Македонија за последната еврообврзница е со камата 5,6% . Според него, со евентуално задолжување кај домашните кредитори, би се заштедиле над 50 милиони евра, само по основа на камата.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини