🎥ЗА ПРВ ПАТ по неколку месеци: Хамас лансирал ракети кон Тел Авив

од Nikola Popovski

Хамас истрелал повеќе ракети во правец на Тел Авив, Израел, јавуваат тамошните медиуми.

Ова е прв напад на Тел Авив во последните четири месеци. Според првичните информации, истрелани се осум проектили.

Според наводите на израелските вооружени сили „IDF“, ракетите биле лансирани од областа Рафах.

Сирените кои предупредуваат за ракетен напад не се слушале во Тел Авив во последните четири месеци. Израелската војска веднаш не ја навела причината за нивното активирање.

Засега нема информации дали во нападот имало жртви и дали е предизвикана материјална штета.

Според информациите, веднаш бил активиран одбранбениот систем „Железна купола“.

Слични содржини