Рио 2016: Фелпс конечно поразен, поделени четири медали во една дисциплина

од Vladimir Zorba

 

По четирите победи и освоени златни медали Мајкл Фелпс конечно мораше да подаде рака и да признае пораз. Американскиот пливач беше поразен во трката на 100 метри пеперутка од 21-годишниот Џозеф Шолинг од Сингапур.download (89)

Шолинг оваа делница ја исплива во време од 50.39 секунди, поставувајќи нов Олимписки рекорд, време кое беше за 75.стотинки побрзо од Фелпс, но и уште двајца пливачи.

Имено, покрај Американецот со исто време трката ја завршија и Бернард Ле Клос од Јужна Африка и Унгарецот, Ласло Чех, кои како и Фелпс се закитија со сребрениот медал.

Слични содржини