СДСМ: Ќе се отворат евро-атлантските перспективи и ќе има повисок животен стандард, ВМРО-ДПМНЕ да се вгради во реформските процеси

од Vladimir Zorba

 „ВМРО-ДПМНЕ имаше цели 11 години да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, но тие одлучија да ги осиромашуваат граѓаните за сметка на криминалното богатење на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, оставајќи 500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштија, а над 180.000 граѓани да преживуваат со само 40 денари на ден.

Доколку навистина мислеше на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе работеше на целосна интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Но наместо тоа, раководството на ВМРО-ДПМНЕ, штитејќи ги сопствените криминални интереси и спротивно на државните интереси, работеше на изолација на Македонија, оддалечувајќи ја од демократскиот свет.

Преку отворен и конструктивн дијалог со опозицијата и граѓанското општество, Владата предводена од СДСМ посветено ќе работи на отворање на евро-атлантските перспективи. Посветено и напорно ќе се работи и на исполнување на зацртаните цели кои ќе овозможат минимална плата од 12 000 денари до крајот на годината и 16.000 денари до крајот на мандатот.

Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина мисли на интересите на граѓаните, тогаш како конструктивна опозиција треба да се вгради во реформските процеси што ќе ги отворат евро-атлантските перспективи, ќе го зголемат животниот снатдард и ќе донесат правда и живот за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини