Се собираат пред ДИК – таму е полицијата

од Vladimir Zorba

Пред зградата на поранешна Нова Македонија,каде е сместена Државната изборна комисија,почнаа да се собираат луѓе, јави Фокус. Според Плусинфо тоа се припадници на ВМРО ДПМНЕ.

ДИК во секој момент треба да оддржи прес конференција,на која ќе објави прелиминарни резултати од изборите.Околу седиштето на Комисијата распоредени се и припадници на полицијата.

Граѓаните очекуваат ДИК конечно да излезе на прес-конференција и да ги соопшти изборните резултати.

Според  членот 135 од Изборниот закон е предвидено дека ДИК конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Слични содржини