Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски

од desk2

ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го штити Марко Зврлевски и криминалот во оваа земја, рече на денешната прес-конференција во македонското Собрание пратеникот на СДСМ Петре Шилегов.

Според него, пратениците на оваа партија се инструментализирани и преку обид да направат тотална блокада на Собранието делуваат всушност единствено во заштита на криминалот на нивното партиско раководство.

– Ние сме свесни дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ е исклучително нервозно поради судските процеси што ги чекаат. Но, нивната нервоза нема да ја спречи правдата и нема да спречи конечно во Македонија сите да бидат еднакви пред законот и еднакво да одговараат за своите постапки. Затоа на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им препорачуваме да ја сменат реториката, начинот на своето обраќање, поведението во Собранието и нивниот начин на Собраниско функционирање со којшто се обидуваат да предизвикаат инцидент во парламентарната сала, рече Шилегов.

Тој додава дека доколку навистина веруваат во нивното толкување на членот 8а од Изборниот законик и дека разрешувањето на Зврлевски би било незаконито, тоа, вели, е причина повеќе да се повлечат бесмислените дебати, реторики, реплики и контрареплики на самите себе и ако е навистина незаконито тоа разрешување за да може Зврлевски и утре да си поведе постапка за таква незаконитост.

Слични содржини