Сите тела на жртвите од авионот на компанијата „Германвингс“, што се урна во француските Алпи, се однесени од местото на несреќата, соопштија локалните власти.

images (65)

-Нема веќе ниту едно тело на местото на несреќата. Екипа од 20 планинари со другите екипи ги однесоа личните предмети на настраданите, рече генерал-полковник Жан-Марк Меникини, додавајќи дека се уште се трага по втората „црна кутија“.

Планирано е истрагата на местото на падот да заврши до 8 април, по што цивилен тим, што го формира „Луфтханза“, ќе го исчисти местото на падот на авионот.

Пред една недела авион на компанијата „Германвингс“ падна во француските Алпи, а во оваа несреќа погина сите 150 лица кои се наоѓаа во леталото.

Вината за трагедијата му се припишува на копилотот Андреас Лубиц, за кого има сомненние дека намерно го урна авионот/МИА

Слични содржини