Словенечката полиција им го блокираше патот на повеќе стотици бегалци

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Словенечката интервентна полиција им го блокираше патот на повеќе стотици бегалци, кои се обиделе да ја преминат словенечката граница од селото Хармица, од хрватската страна на границата.polslo

Бегалците минувале мал мост преку реката Сутла на ничија земја, но патот им го попречил кордон на словенечката интервента полиција.

Претходно на истиот мост, но кон хрватската страна преминале словенечки активисти, кои извикуваа; „Бегалци, добродојдовте!“.

Словенечката Влада соопшти дека ќе ги прифаќа лицата, кои бараат азил, но ќе депортира секого за кого ќе заклучи дека е илегален имигрант.

Во Словенија од Хрватска до денеска попладне илегално влегле околу илјада бегалци

Слични содржини