Собранието нема да работи една недела за да се смират пратениците од владејачката коалиција

од desk2

Пратениците на ДУИ им се налутиле на колегите од СДСМ поради тоа што не ги поддржале во одлуката да се донесе Законот за употреба на јазиците без разгледување на поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, пишува СДК.

На маратонската вчерашна координација на владејачката коалиција и разговорите на лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, за изнаоѓање на договор СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ за излез од собраниската криза, Ахмети не успеал да го убеди Заев да се донесе Законот.

Поради тоа, како што за САКАМДАКАЖАМ.МК, велат дел од пратениците на СДСМ, колегите од ДУИ не им правеле муабет и им се налутиле што не дозволиле да се затвори расправата за Законот за употреба на јазиците.

За да се најде некој компромис и да се смират страстите во владејачката коалиција, како што изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од мнозинството, парламентот нема да работи една недела.

Две пленарни седници, како што стои на собранискиот веб сајт, се закажани за 12 март.

Едната седница е закажана по повод 75 години од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка, а на другата пратениците ќе расправаат за околу 46 измени на закони./СДК

 

Слични содржини