Солунскиот градоначалник Бутарис во четврток во Скопје

од desk2

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис во четврток доаѓа во Скопје на средба со скопскиот градоначалник Петре Шилегов на која ќе се договара поблиска соработка меѓу двата града, објавува „Катимерини“.

Посетата на Бутарис, наведува весникот, доаѓа во време на зголемен оптимизам во Атина за подобрување на односите кои беа нарушени од долгогодишниот спор за името, како и „по поразот на поранешниот националистички премиер Никола Груевски на последните избори и формирањето нова Влада која се смета за поотворена за разговори“.

Бутарис во Скопје ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а е планирана средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, пренесува МИА.

Слични содржини