Вчера во Струмица возило  со голема брзина удрило во приватниот автомобил на опозицискиот лидер Зоран Заев, од што тешки повреди има сопругата на возачот кои биле во автомобилот.  Во моментот на сообраќајката во возилото биле возачот на Заев и неговата сопруга со пријатели, а Заев не бил вооошто во  автомобилот.

zaev-audi-540x264

Од ударот, како што за Либертас изјави Заев, сопругата на неговиот возач има скршено ребро и е однесена во болница. Аудито на Заев било многу оштетено.Претходно некои од порталите објавија дека во возилото. кога се случила сообраќајката бил Заев со својата сопруга и дека таа била однесена во болница, но Заев ја демантирале оваа информација .

Заев вели дека првомајските празници ги поминува во кругот на семејството во Струмица, и жали за несреќата која се случила со неговиот возач.

Локално потсетува дека во сообраќајката се поврдени 6 лица. Утрото во 9 часот на раскрсницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство и единство“ во Струмица, се случила сообраќајна незгода помеѓу „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М. (25) од Радовиш и „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.А. (58) од Струмица.

 Со телесни повреди се здобиле возачот на пунтото В.М. и двајца сопатници С.Ѓ. (25) и З.М (32), сите од Радовиш, а од аудито со телесни повреди се здобиле Ј.А. (53), Д.К. (61) и Р.К. (66) сите од Струмица.

Извршен е увид на лице место, а сите повредени се пренесени во Медицински центар во Струмица за укажување помош.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 

Слични содржини