Советник на Трамп фрли бомба за Крим: Наскоро ќе паднат заблудите за признавањето!

од desk3

Советникот на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп Картер Пејџ рече дека новата американска администрација, најверојатно, ќе се ослободи од заблудите во врска со признавањето на припадноста на Крим. Во текот на посетата на Москва Пејџ изјави дека покривањето на настаните од последните години во Украина и Крим станаа едни од вистинските примери за “изманипулирани вести”, соопштува РИА Новости.

Според Пејџ, нивото на дезинформации за овие прашања во западните земји беше катастрофално. “Убеден сум дека ќе има нови можности за надминување на овие погрешни претстави и погрешниот вектор, кој беше утврден спрема Украина”, изјави Пејџ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги коментираше зборовите на Пејџ, истакнувајќи дека до крајот на јануари Москва ќе ги зема предвид само изјавите на претседателот Обама и неговата администрација.

Картер Пејџ е во Москва, за да се сретне со руски политичари и бизнисмени. Посетата ќе трае до 13 декември.

Слични содржини