Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Берово ја бојкотираа седницата

од desk2

Советничката група на ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата на општина Берово ја бојкотираше 3-та седница и не учествуваше во работата на Советот.


Членовите на советот на овој начин го искажаа револтот за, како што рекоа, политичкиот прогон и апсење на македонските патриоти кои се товарат за тероризам и загрозување на уставниот поредок на земјата по настаните во македонското Собрание што се случија на 27-ми април.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата велат дека во зависност од политичките случувања во иднина, ќе завземат став за понатамошната работа во општина Берово.

Претходно пак, од истите причини членовите на советот во Ресен најавија бојкот на работата на градското собрание, додека пак, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани поднесоа колективна неотповиклива оставка.

Слични содржини