Советот на јавни обвинители за разрешувањето на Зврлевски ќе расправа во вторник

од desk2

Владиниот предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски пристигна во Советот на јавни обвинители, потврдуваат од Советот.

Советот има рок од 15 дена од добивање на решението, да достави до Владата образложено писмено позитивно или негативно мислење по предлогот за разрешување на јавниот обвинител. Но, мислењето на Советот не е обрзувачко, за разлика од постапката за избор, каде доколку не се даде позитивно мислење за ниту еден од кандидатите, се објавува нов оглас.

Аневски вчера го изрази својот личен став и кажа дека според него, Зврлевски е перфектен обвинител и оти нема забелешки на неговата работа.

Новата Влада во понеделникот оваа недела донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата.

Слични содржини