Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска доцна попладнето се сретна со специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл.

zaev-hajnd

Тема на средбата беше актуелната политичка криза во земјава што ја продлабочуваат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по одложувањето на изборите на 5 јуни, со едностраните одлуки со коишто го покриваат сопствениот страв од правдата и од регуларни избори.

Постои заедничка согласност дека во Македонија мора да има само регуларни и фер избори, дека правдата мора да важи подеднакво за сите, дека не смее да се опструира работата на Специјалното јавно обвинителство, или сублимирано, дека од условите во Договорот од Пржино бегање нема, мора да се спроведат.

-Ставот на СДСМ е целосно поништување на аболицијата, како што порачаа ЕУ, САД и целата меѓународна заедница, брзи и регуларни избори, со претходно исполнување на нотираните клучни предуслови, од страна на Влада којашто ќе има легитимитет да организира и спроведе избори. Ова се решенијата за кризата. Слободата и правната држава за СДСМ и граѓаните во Македонија се вредности за коишто отстапки нема, соопшти претседателот Заев.

На средбата беа нагласени заложбите на СДСМ во целиот овој процес базирани на почитување на Уставот и законите, коишто се грубо погазувани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, што уште еднаш се покажа со партиските одлуки на Уставниот суд и на мнозинството во Парламентот.

Слични содржини