Студентскиот пленум в среда на референдум

од Vladimir Zorba
Дали Студентскиот парламент  треба да остане невладина организација или дел од УКИМ -на ова прашање ќе треба да одговорат студентите од скопскиот универзитет в среда на 28 септември на првиот неофицијален студентски референдум, информира 24Вести.
Од  Студентскиот пленум велат дека Студентскиот парламент кој ги претставува факултетите на државниот универзитет треба да стане дел од универзитетот со што ќе се обезбеди контрола  за трошењето на парите од  студентите.
„Апсурдно е во време кога се зборува за високо образование ориентирано кон студентот, студентскиот глас воопшто да не биде слушнат при одлучувањето за студентско претставничко тело“ – смета  студентот Борјан Ефтимов.
Целиот текст може да го прочитате тука

Слични содржини