Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски нема свои судии и не ги дели на подобни или неподобни. Ваков одговор доби Алсат на прашањето упатено до скопска единица – дали првиот човек на судот прави рокади и поставува судии од доверба за предмети на Специјалното јавно обвинителство.
ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1:
„Неразбирливо е за какви „подобни судии“ прашувате кога сите предмети кои се
водат во судот, без разлика дали се водат по предлог на СЈО или другите две
редовни обвинителства, потоа се преиспитувани од Кривичните совети и повисоките судски инстанци, и поголем број од одлуките на судиите при Кривичниот суд во жалбена постапка се потврдувани. Претседателот на судот нема „свои“ судии, бидејќи сите судии се еднакви, а претседателот е прв меѓу еднаквите кој е задолжен да менаџира со судскиот кадар од аспект на навремено решавање на предметите“.
„Ние живееме во една држава каде што првиот човек на Кривичниот суд, почнува дивоградба во центарот на главниот град. Ако сакате на 20 метри од Министерството за правда. Кое е тоа чувство, која е таа силина, која е таа ароганција, кога смета тој човек дека смета дека тоа може да се прави и каква порака се испраќа до граѓаните“, рече Жерновски.
Во декември истекува мандатот на Панчевски како претседател на Кривичниот суд. Освен него, за оваа позиција ќе се борат и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ.
извор: Алсат