Судиите пулени на екс претседателот Панчевски се враќаат во судовите од кај што ги донел

од Vladimir Zorba

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека четири судии од скопскиот Кривичен суд, кои додека беше претседател на судот Владимир Панчевски беа делегирани од судовите во Неготино, Тетово и други градови се вратиле во матичните судови.

Меѓу нив се и судијките Александра Поп-Стефанија и Елена Илиевска Јосифовиќ за кои Специјалното обвинителство поднесе барање за разрешување пред Советот за факти, но иницијативите на СЈО беа отфрлени од Советот за факти и не стигнаа на дневен ред до Судскиот совет.

Овие судии, кои беа донесени по барање на Панчевски во скопска „единица“, воглавно  постапуваа по предметите на СЈО.

Изјавата Караџоски ја даде по свечената изјава на новоименуваниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Иван Џолев.

извор: Судство

Слични содржини