Светската Банка ја намали проекцијата за раст на економијата

од Vladimir Zorba

Светската Банка ја намали проекцијата за растот на македонската економија во 2017 година. Во најновиот извештај „Глобални економски перспективи“ се прогнозира дека растот на БДП ќе изнесува 2,8 отсто што е намалување за половина процент во споредба со јануарската проекција на банката. Доколку се остварат предвидувањата на Светската банка, Македонија ќе има најнизок економски раст во споредба со земјите од регионот. Пред две недели Народната банка објави дека очекува економски раст од 2,5 отсто.

Слични содржини