Тимоние: Законот за јазици не е дел од реформските приоритети

од Vladimir Zorba

Македонија има други реформски приоритети, законот за јазици не е еден од нив, тој не е дел од европската агенда, порача денеска францускиот амбасадор Тимоние. Тоа го кажа и еврокомесарот Хан – дека овој закон не е услов за земјата да добие препорака од Европската унија, потсетува Тимоние. Во интервју за 24 вести, францускиот амбасадор уште додава дека сите политички лидери во земјава мора да се обединат околу реформските приоритети со кои веќе се доцни.

Законот за јазици повтороно го блокираше Парламентот, откако СДСМ не се согласи  законот да биде донесен без дебата за амандманите, како што бараше  ДУИ. Компромис ќе се бара на средби на работните групи меѓу партиите.

Артан Груби од ДУИ денеска рече  дека  изгласувањето на  Законот за јазици ќе придонесе за кохезивноста во Македонија.

Извор Тв 24

Слични содржини