Тирана: Ние сме должни да се грижиме за Албанците во Македонија

од Vladimir Zorba

Албанија е обврзана да се грижи за Албанците во светот, независно од тоа каде живеат. Ова го изјави албанскиот претседател Бујар Нишани за  “Алсат М” по повод обвинувањата дека властите во Тирана се мешаат  во внатрешните работи на Република Македонија.

На 7-ми јануари три албански партии во Македонија издадоа “албанска платформа”, која повикуваат на промени во Уставот и државните симболи и претворање на албанскиот во службен јазик во Република Македонија. Платформата беше усвоена по консултации на македонските албански лидери со официјалните власти во Тирана и Приштина.

Според Нишани “влијанието на Тирана во изработката на платформата е природен процес со оглед на бројот на Албанците во Македонија”. Тој ги отфрли и обвинувањата за мешање во внатрешните работи на Република Македонија, бидејќи “Тирана била обврзана да се грижи за Албанците каде и да живеат тие во светот”. Самите Албанци од Македонија не информираа за политичката ситуација во земјата, рече уште Нишани и прецизира дека тој имал две средби со лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети за да се организира ваква иницијатива.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски го осуди мешањето на странски премиери и претседатели во внатрешните работи на земјата. Тој ги опиша како “недостојни кои испраќаат лоши сигнали во регионот”. Покрај Нишани отворена поддршка за “албанската платформа” изразија уште и премиерот Еди Рама и претседателката на албанскиот парламент, Илир Мета.

Слични содржини