Специјалниот пратеник за Македонија на германското Министерство за надворешни работи, Јоханес Хајндл, утре ќе допатува во дводневна посета на Скопје, соопшти денеска германската амбасада.

hajndl

„Надоврзувајќи се на неговата посета од минатата недела, aмбасадорот Хаjндл одново ќе разговара со партиите-потписнички на Договорот од Пржино како и со претставници на меѓународната заедница. Предвидени се и разговори со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски“, стои во соопштението.

Могерини и Хан: Ова е нова можност за решавање на кризата

Хајндл минатата недела пред средбите со политичките лидери соопшти дека дојден да сослуша и дека потоа на следната посета, во координација со ЕУ и САД, ќе излезе со конкретни предлози за решавањето на политичката криза, која се продлабочи откако претседателот Ѓорге Иванов помилува политичари и нивни соработници. Неофицијално локално.мк дознава дека на минатата средба со лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ , Хајндл го пренел барањето на Меркел изборите да бидат одложени, а им оставил пердиот, тоа да се стори додека тој повторно се врати во Скопје.

 

 

Слични содржини