„Транспортер“ наскоро во судница

од Vladimir Zorba

 

Додека битолскиот градоначалник се подготвува да седне во судница за предметот Транспортер, Врховните судови денеска расправаа дали укинувањето на неговиот притвор било законско, бидејќи еден ист судија во две инстанци одлучуваше за притворот на Владимир Талески, информира ТВ24.

Додека битолскиот градоначалник се подготвува да седне во судница за предметот Транспортер, Врховните судови денеска расправаа дали укинувањето на неговиот притвор било законско, бидејќи еден ист судија во две инстанци одлучуваше за притворот на Владимир Талески.

Врховните судии зад затворени врати ги вкрстија аргументите, но одлука нема. Освен Талески на дневен ред беше и недоделувањето на притвор за градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко кој што е осомничен во првиот предмет на Катица Јанева.

Според дел од правниците, ваквото одолговлекување е уште еден доказ за опструкциите врз СЈО, но и дека укажува на нужноста од реформи во судството.

„Почнаа со опструкција околу прибирањето на докази, околу интитуциите кога веќе немаа можност тоа да го прават, сите опструкции за вршија во Основен суд 1, за да се префрли топката кога се решаваа по жалбите особено во Врховниот суд, особено со изборот на старо-новиот претседател.“, изјави Ѕвонко Давидовиќ, адвокат.

Обвинителниот предлог за „Транспортер“, Специјалното обвинителство го достави до Кривичниот суд уште на почетокот на април. Оттаму, пак, велат дека неделава завршува фазата на приговори, по што ќе биде познат и датумот на првото рочиште, меѓутоа ниту една од странките не одговори на нашите прашања дали ќе поднесат приговори./ТВ24

 

Слични содржини