Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на седницата одржана на 29.07.2017 година, се осврна на се погласните шпекулации дека за време на чествувањето на македонскиот национален празник Илинден, ВМРО-ДПМНЕ наводно ќе организирала инциденти и насилства, известуваат од партијата.
-Централниот Комитет исто така ги дискутираше и информациите за можно сценарио од одредени центри, да бидат исценирани насилства или било какви инциденти во време на одбележувањето и прославата, и истите да бидат наметнати како вина на ВМРО-ДПМНЕ и неговите членови и поддржувачи по истиот терк на настаните на 27-ми април оваа година, по што би следеле нови хајки и прогони против партијата, членството, и раководството, и би биле во правец на нарушување на угледот и имиџот на ВМРО-ДПМНЕ пред домашната и меѓународната јавност како демократска партија. Оттука, ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука јавно да ги повика членовите и поддржувачите на партијата овој пат да се воздржат од присуство на настаните кои ги организира Владата на СДС, а со цел да не бидат со умисла и со подготвено сценарио испровоцирани и навлечени на реакција, а потоа и обвинети дека предизвикале инцидент или насилство, стои во соопштението на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.