Унишетена најголемата болница во Алепо – настрада при денешно бомбардирање

од Vladimir Zorba

alepo

Најголемата болница во бунтовничкиот источен дел на Алепо била мета на голема офанзива на владините сили со поддршка на Русија и целосно е уништена при денешните воздушни напади.

– Болницата била директна мета за време на воздушните напади – изјави директорот на сириската опсерваторијата за човекови права Рами Рахман.

Според Сиријско-американското лекарско здружение (САМС) во бомбардирањето загинале три лица кои биле вработени за одржување на болницата.

Опсерваторијата не може да потврди дали авионите кои го извршиле воздушниот напад припаѓале на воените сили или биле руски авиони. Владините сили со помош на руските авиони водат воздушна кампања врз бунтовничкиот дел на Алепо./МетА

Слични содржини