Вељаноски со пуч го попречува изборот на нов спикер, вмровски паравојски на готовс

од Vladimir Zorba

 Правници ја толкуваат како скандалозна и незаконска одлуката на претседавачот со Собранието, Трајко Вељаноски, да не постапи по барањето на пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ, кој врз основа на Деловникот побара поддршка од десет пратеници за да се премине на четвртата точка од дневниот ред и да се избере претседател на Собранието.

trajko-veljanoski

– Бидејќи е очигледно дека оваа расправа се користи за одолговлекување и за блокада на Собранието, јас барам поддршка од 10 пратеници и Собранието да одлучи да ја прекинема расправата по оваа точка и да се премине на 4-та точка за да се избере претседател на Собранието и за ова не одлучува претседавачот туку Собранието, рече Спасовски.

Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски рече дека на седницата се постапува согласно Деловникот на Собранието, кој предвидува да не може во сред расправа по точката да се премине на расправа на наредната точка.

Сепак, членот 78 од Деловникот на Собранието е јасен:

(1) Претресот по точките од дневниот ред се врши според утврдениот редослед на дневниот ред.

(2) Во текот на седницата, по предлог на претседателот на Собранието, на предлагачот или пратеник кои го поддржуваат најмалку десет пратеници, Собранието без претрес одлучува по секој предлог за измени во редоследот на претресот по точките од дневниот ред, односно да се води единствен претрес по точките од дневниот ред што се меѓусебно поврзани. Образложението за предлогот е во траење од три минути.

Одредбата е недвосмислена и претседавачот мора да постапи бидејќи се исполнети сите барања содржани во став 2 од член 78 на Деловникот на Собранието:

  • Барањето е „во текот на седницата“.
  • на предлог е на пратеникот Оливер Спасовски кој „го поддржуваат најмалку десет пратеници“, односно во случајот многу повеќе од 10 пратеници – целата коалиција на СДСМ, плус ДУИ и Алијансата за Албанците, кои се изјаснија дека го поддржуваат.

Со тоа што Вељаноски не го ставаа предлогот на Спасовски на гласање, очигледно го крши членот 78 на Деловникот на Собранието со што прави своевиден пуч и не дозволува да се избере претседател на Собранието.

 Додека во Собранието се случува ова, надвор од него се собираат вмровски „паравојски“, кои најавувават дека ќе го бранеле Собранието.

Неформалното здружение „За заедничка Македонија“ која ги предводи протестите против мнозинството на Заев, објави „вонреден повик“:

„Бидете на готовс и подготвени за секаква реакција, ќе се обидат насилно да изберат претседател на Собранието. Граѓани на Република Македонија, бидете на готовс, подготвени за секаква реакција. Заедно, сложни, бројни, мудри и силни. Доаѓа времето за финалната победа. Денес СИТЕ пред Влада во пет. А ако треба И ПОРАНО, објавено е на Фејсбук страницата.

Провладниот портал „Република“, пак, објави дека самоиницијативно граѓани веќе се организирале и се правеле списоци за итна мобилизација на граѓани во случај мнозинството од 67 пратеници да избере претседател на Собранието.

„Граѓаните се одлучни по секоја цена да ја бранат демократијата и со сите расположливи средства да не го дозволат ова сценарио. Граѓаните самоиницијативно формираат групи кои во таква ситуација за многу кратко време би се собрале и би реагирале на секаков можен начин со сите средства“, пишува Република.

Инаку, членови на дваесетина, како што се нарекуваат патриотски здруженија, пред два дена во Велес потпишале повелба за стратешка соработка.

При потпишувањето на Повелбата дале заклетва дека ,,ќе се борат со сите можни средства и методи против сите облици за уривање на Република Македонија“ и дека ќе го дигнеле гласот за „зачувување на националните и државни интереси во овие тешки времиња за државата’.

Во нивната Повелба, меѓу другото , стои дека:

,,Се подготвени со сите расположливи ненасилни или насилни средства да ја бранат Татковината и да ја почитуваат јасно изразената волја на народот, како единствен носител на суверенитетот и државноста на земјата“.

Повеќе претставници на меѓународната заедница изминатиот период повикаа ВМРО-ДПМНЕ да овозможи мирен трансфер на власта и воздрување од какви било провокации, но тоа, очигледно, не е планот на Груевски и раководстовто на оваа партија.

Пред малку с е огласи и Брисел преку портпаролот на унијата Маја Коцијанчич:

Претседателот Ѓорге Иванов итно да ја преиспита својата позиција.Како што Европската унија повеќепати истакна, вклучително и Европскиот Парламент, резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, моменталната неизвесност да заврши, а влада мора да биде формирана без натамошни одлагања, врз основа на тамошното парламентарно мнозинство, изјави за Радио Слободна Европа портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич на прашањето како ЕК ја коментира новата ситуација во македонскиот парламент за избор на Комисијата за избори и именувања.

Коцијанчич додава дека, како што беше истакнато во изјавите од страна на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан и Европскиот Парламент, се охрабрува претседателот Ѓорге Иванов итно да ја преиспита својата позиција.

Сега очекуваме сите политички лидери и институции да овозможат демократските процеси да се одвиваат по својот тек, тоа вклучува избор на претседател на Собранието без натамошно одлагање, вели Кочијанчич.

 

Слични содржини