(ВИДЕО) Богоев: Најдобрите студенти да се вработат во приватниот сектор, а не во јавна администрација!

од Vladimir Zorba

bogoev

„Често пати од тука, помеѓу граѓаните, на секаде се борам и залагам за подобри услови за младите, посебно за вработување на младите, бидејќи оваа држава има поразителна стапка на младинска неврбаотеност од 53% што е највисока во Европа, рече Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ на собраниската расправа по повод точката: Предлог на закон за вработување на 100 најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во РМ – I читање.

„Вие дополнително со овој закон ги стимулирате, и тоа внимавајте, најдобрите 100 студенти, наместо во приватниот сектор да субвенционирате нивно вработување во успешни компании, наместо државата на овие 100 најдобри студенти да им помогне со грантови ако сакаат да започнат сопствен бизнис, вие со овој закон ги терате 100-те најдобри студенти да се вработат во јавниот сектор, што е широк поим. Што значи тоа?

 Дали најдобриот студент од медицина ќе работи на шалтер? Бидејќи овде не е прецизирано, не е истакнато. Дали сметате дека е подобро електро инженер или биохемичар да работи во успешна приватна компанија на РМ, помогнат од Владата, наместо да работи во јавен сектор? Што ќе работи во јавен сектор, некој со ваква позадина и со ваква диплома!?

Еден од критериумите е “положени испити кај професор кој има меѓународно објавени трудови”. Па, студентот не ги бира сам професорите. Како е крив некој студент кој не му се погодило да му предава некој ваков професор?

Исто, еден од критериумите е “aко имаат исти резултат во втора децимала, преку тест ќе се решавало кој ќе биде примен”. Кој е тој тест, што ќе содржи тој тест?

Не можам да разберам зошто ги стимулирате најдобрите 100 студенти да се вработат во јавен сектор, наместо во приватен сектор, во успешни приватни компании!?”, рече Богоев.

Слични содржини