(ВИДЕО) Експертите за 24Вести оценуваат дека институциите затаија во работата

од Vladimir Zorba

temelko

Невремето немаше да има толкави размери со човечки жртви и материјални штети доколку во надлежните институции работеа професионалци, информира 24Вести.

Ескпертите оценуваат дека Институциите потфрлија во работата. Дополнително нивната оценка е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во оваа трагедија собира политички поени.

Катастофата со невремето кое зафати околу 20 000 граѓани и во кое починаа над 20 лица е резултат од долгогодишното потфрлање на работата на институциите, оценуваат експертите.

Според нив ниту Управата за хидрометоролошки работи ниту Центарот за управување со кризи ниту Дурекцијата за заштита и спасување ниту пак македонски шуми не си ја вршеле работата навреме. Велат проблемот со невремето немаше да има толкави размери со човечки жртви и материјални штети доколку во надлежните институции работеа професионалци.

Според универзитетскиот професор Темелко Ристовски, најголема одговорност за трагедијата во поплавените реони има владеачката коалиција. Ристовски смета дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски манипулира со граѓаните и собира политички поени велејќи дека голем дел од волонтерите се припадници на неговата партија.

Осум дена по невремето во неколкуте општини зафатени од силниот дожд секојдневно се уште пристигнуваат волонтери кои им помагаат на жителите да ја исчистат калта и да ја исфрлат покуќнината. Секојдневно апели има и од медицинските екипи за внимание од можни заразни заболувања.

Слични содржини