(ВИДЕО) Ѓорчев: Ова е почеток на борбата за Македонија, ве замолувам да дојдете и утре

од desk4
108 прегледи

И денеска на повик на ВМРО-ДПМНЕ, се собраа стотина демонстранти, на вториот протест по апсењата на пратеници и други кои упаднаа во Собранието на 27 април на „крвавиот четврток“. Од видните членови на партијата, се појавија единствено лидерот Никола Груевски и пратениците Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев ги повика сите граѓани утре во 18 часот на масовен протест пред Кривичниот суд.

-Од името на ВМРО-ДПМНЕ ве замолувам да дојдете и утре, тука не продолжуваме, во 18 часот пред Кривичниот суд, а претходно од 15 до 17 часот ќе имаме и тековни активности низ општините. Ова ќе трае, ова е почеток на борбата за Македонија и оваа борба никогаш, никогаш не сопира, секоја генерација има своја битка. Ќе се слуша Македонија уште многу лета и многу векови, утре е важен ден, утре се носат одлуките по повод жалбите, сакаме луѓето да се вратат дома кај своите семејства, потенцира Ѓорчев.

Слични содржини