(ВИДЕО) Политички манипулации со децата – реагираат ли соодветно институциите?

од desk2
72 прегледи
„Државниот просветен инспекторат најостро го осудува политичкото инволвирање во образовните установи и злоупотребата на учениците за остварување на политички цели“, изјави Надица Николовска – директор на државен просветен инспекторат, информира ТВ24. 
Оваа изјава на директорката на државниот просветен инспекторат Надица Николовска не се однесува на последните случувања со прилепските гимназијалци. Таа е дадена пред повеќе од четири месеци, за случај кој го објави телевизија 24, а во кој полнолетен ученик од велешко средно училиште се пожали на лошата исхрана во интернатот во Велес. Неколку дена подоцна, ученикот ретерираше од својот став, обвинувајќи ја својата класна раководителка, инаку портпарол на СДСМ од Велес, дека го натерала така да изјави. Веќе истиот ден инспекторатот реагираше и отвори истрага за професорката.
Сепак, четври ден од протестите на прилепските средношколци, реакција од државниот инспекторат нема, и покрај тоа што на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како директорот на гимназијата „Мирче Ацев“ држи политички говор пред учениците, убедувајќи ги дека треба да протестираат.
Родителите на учениците, но и неколку невладини организации ја осудија постапката на директорот Кире Николоски и побараа санкции за него. Од канцеларијата на народниот правобранител информираат дека направиле неуспешен обид да стапат во контакт со Николоски. Тие се незадоволни и од одговорот кој го добиле од градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој ги назначува директорите. Државниот просветен испекторат, пак, побарал писмени информации во врска со настанот.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини