Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа пред битолчани ја претстави неговата визија за враќањето на животот во Македонија, ветувајќи победа за да го смени овој робовладетелски систем на власта и како таква никогаш да не се повтори.
„ Гледам масовност во Битола и морам да кажам вредеше. Бидете горди оти се боревте за нашиот народ, за нашата Македонија, за животот кој што ни го украдоа. Една мјака ми кажа врати ми го детето дома. Нема живот без деца, нема живот ваков каков што живееме. Еден пусти живот имаме. Ве повикувам да ја довршиме борбата. Режим паѓа, живот враќаме. Да го вратиме животот кој битолчани го живееја а заборавија да го живеат. Дозволете да си го дадам својот збор. Знаеме дека режимот паѓа, но тоа не е доволно. Луѓето очекуваат чесни политичари кои ќе ги водат. Јас сум Зоран Заев кој ги извади бомбите, маваше на овој режим се додека не го клекна. Е тоа е гаранцијата дека ќе бидам различен од Груевски и од сите други. Секој прес од проектот „Вистината за Македонија“ завршуваше со пораката „Никогаш повеќе да не се повтори“ – тоа е гаранцијата – рече Заев.
Тој вети дека во првата година од новата власт предводена од СДСМ поддржувачите во борбата против овој режим ќе можете да кажат „Ете, видовте дека може и во Македонија“.
– Ви ветувам јавно уште во првата година ќе почувствуваат враќање на животот во Македонија. Главно е да ги вратиме парите назад кон грѓаните. Нема идинина со сиромаштија. Конечна цел ние вработен човек да има просечна плата од 500 евра.
Овие бандити не само што ќе ги стигне правдата, не само што ќе одговараат пред независно судство, туку ќе ги вратат парите, зашто тие пари се украдени од вас. Знаат сите колку аздисана криминална власт ја води Македонија. Се прашуваме зошто уништувале цели семејства, новинари, објекти, зошто станале богови, а се долу за нив било раја? Кога не знаеш зошто, да знаеш дека пари се во прашање, велеше дедо ми. За пусти пари, за моќ, за власт Македонец удрил врз Македонец. Ова е модерно робовладетелско општество кое за пусти пари го продаде својот народ.
Дојде време народот да ја спушти театарската завеса. Доаѓа време да кажеме доста на овој режим на 11. декември. Заев најави инвестиции, заштита на работниците и К15 за работниците во РЕК Битола. Најави намалување на бројот на предмети во основното образование. Прва одлука на влада ќе биде укинување на екстрното тестирање.
Најави потрошувачки совет кој ќе го водат пензионери кои ќе ги мерат цените на мало. Ако цените се покачени за 5 отсто и пензијата ќе се покачи за толку проценти