Високи тонови на седницата во општина Центар за изградба на улицата на Кеј

од Vladimir Zorba

Наместо да разговараат за изградба на улицата, советниците од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски дека „фрлал магла во очите на граѓаните“ со стопирање на изградбата, бидејќи не сработил ништо во својот 4-годишен мандат.

На тоа Жерновски одговори дека приоритет е да не се изгуби шеталиштето на граѓаните, а за тоа дали е нешто сработено или не, граѓаните наскоро ќе одлучат на избори.

Кога се огласија сопствениците на кафулињата на Кејот дека се против изградба на оваа улица, советниците од ВМРО-ДПМНЕ им порачаа дека не се на партиски митинг.

Совентнците на ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснуваа дали се против или за изградба на улицата. Единствено рекоа дека доколку се остави така Кејот ќе немало пристап за Итна помош и Пожарна до зградите и околните кафулиња.

„Има пристап за Итната помош и Пожарната. Поголема е опасноста да згасне живот ако се изгради улица отколку сега“, рече Мануел Тасевски од Здружението на угостители на Кејот.

Советот со 12 гласа за ја донесе одлуката за изглед на градби, а во 15 часот почнува нова седница./А1Он

Слични содржини