– Новоименуваниот косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека неговата Влада се уште работи на прашањето за утврдување на границата со Црна Гора и дополнително ќе се изјасни по тоа прашање кога состојбата ќе стане појасна.
Пред изборите во Косово, Харадинај беше гласен противник на договорот, велејќи дека претходната Влада на Црна Гора и отстапила територија која му припаѓа на Косово.
Тој додаде дека се уште не ја утврдил позицијата на неговата Влада во врска со ова прашање.
Договорот меѓу Косово и Црна Гора беше потпишан во 2015 година, но неговото ратификување беше блокирано во Косово, пред се поради притисоците на партијата ААК на Харадинај. Европската Унија и САД бараат Косово да го забрза процесот на определување на границата со Црна Гора, а тоа е и главен услов за Косовците да добијат можност за безвизно патување во Унијата.
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли за време на својата посета на Црна Гора побара „трпение и разбирање“ за надминување на ова прашање, но Подгорица е одлучна дека не постои можност за менување на договорот