Во Богданци референдум за рудникот „Казандол“

од Vladimir Zorba

   Граѓаните на оштина Богданци денеска на референдум треба да се изјаснат дали се за или против изградбата на рудникот за бакар „Казандол“ и за отворање на рудници на територијата на општината. 

Право на глас имаат околу 7.000 жители, кои ќе можат да гласаат на 12 избирачки места. Двете референдумски прашања за кои ќе можат да се изјаснат се: „Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ продолжување со работа на рудникот Казандол?“ и „Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ отворање рудници на територијата на општината?“.

За успешно спроведување на референдумот неопходно е на гласањето да излезат најмалку половина плус еден од запишаните избирачи. Мнозинството од излезените граѓани ќе ја донесе одлуката која е дефинитивна и општинските власти ќе мора да ја спроведат.

За рудникот „Казандол“, на 18 јуни, на референдум ќе излезат и жителите на општина Дојран, а во постапка за референдум се и граѓаните на Валандово.

Првиот ваков референдум на локално ниво успешно се спроведе во Гевгелија каде што речиси 70 отсто од граѓаните се изјаснија против отворање рудници на планината Кожув.

Слични содржини