Во процедурален ритам продолжува конститутивната седница на новиот Парламент

од Vladimir Zorba

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која треба да се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Власта на заминување преку пратениците на ВМРО ДПМНЕ и нивните колиционери и натаму ја опструираат седницата и дебатата преку форма на процедурални прашања и натаму ,пети ден ,само двајца пратеници земале збор, а се другото се реплики-контрареплики  и процедурални забелешки.

Преседавачот Трајко Вељановски и натаму останува на тенденцијата , партиски да одработи за Никола Груевски и дозволува и кршење на деловник и злоупотреба на парламентраната говорница.

Во текот на седницата вчера пратениците од ВМРО-ДПМНE гоповторија клучното барање и целта-  распишување нови парламентарни избори заедно со локалните.

Пратениците од СДСМ, пак, побараа да се престане со кршење на Деловникот  и посочија дека дебатата треба да се фокусира на точката на дневниот ред и да се остави за секое прашање да се дебатира кога ќе дојде време за тоа.

Пријавени за првата точка избор на претседател и членови на Комисијата се 51 пратеник за дискусија. Во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.

Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата  за прашања на изборите и именувањата, е предуслов за избор на претседател на Парламентот.

Конститутивната собраниска седница, почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија, што клучниот проблем и што на овој начин ВМРО ДПМНЕ го спречува и блокира , бидејќи тоа ќе значи и смена на власта и нивно заминување во опозиција.

Слични содржини