Под влијание на влажни воздушни бранови, во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи.

За денеска се очекуваат повремени врнежи од дожд и умерен до засилен северен ветер. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а поинтензивни процеси со пообилни врнежи ќе има во јужните делови од земјата. Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира.

Утре врнежите ќе бидат локални и послаби, но повеќе врнежи ќе има од вторник до четврток. Најинтензивни врнежи локално во форма на невреме се очекуваат во вторник.

Од среда ќе биде посвежо, а од четврток ќе дува и засилен северен ветер

Слични содржини