Во сообраќајка кај Групчин загина член на навивачката група „Војводи“

од Vladimir Zorba

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила околу 8 часот утрово близу патарината Групчин, загина еден тетовец. Како што потоа извести навивачката група „Војводи“ на својата Фејсбук-страница, станува збор за Александар Димчевски – Трска, еден од нивните истакнати членови.

Според полицијата, од засега непознати причини автомобил „бмв“ управуван од возачот А.Д. (40)на автопатот Тетово-Скопје излетал од патот, при што од силниот удар го загубил животот.

 

Слични содржини