Турција ќе ја обезбеди воздухопловната база “Инджирлик” на САД за удари против џихадисти од “Исламска држава” (ИД).

Во замена за тоа САД ќе се создадат зона на безбедност и други мерки за Турција доколку се појави опасност за националната безбедност во т.н. црвени точки крај границата со Сирија.

Тоа го соопштија турски извори, кои се повикуваат на изјава од владиниот портпарол Булент Арнч по долготрајната 7 и пол часовна вонредна седница на турската влада.

аеродром

Седницата беше во врска со самоубиствениот бомбашки напад на ИД во Суруч, при што загинаа 32 лица, а над 100 беа повредени.

Според изворите, договорот е постигнат во Анкара за време на разговорите меѓу американска делегација предводена од специјалниот претставник на американскиот претседател за глобалната борба против ИД Џон Ален и претставници на турското Министерство за надворешни работи и на Генералштабот на турската армија.

Турција ќе обезбеди основа на “Инџирлик” за воздушни напади против ИД, но турски авиони и пилоти нема да учествуваат во овие акции.

Во замена во регионот северно од сириската граница, заклучен меѓу кантоните Џераблус до Африн, ќе биде создадена зона на безбедност, во случај на опасност за националната безбедност на Турција. Така турските безбедносни сили ќе можат да го контролираат регионот, кој е надвор од контролата на сириските Курди.

ИД го користи овој регион за напади против Слободната сириска армија и ако регионот помине под контрола на ИД или на сириските Курди “Сили за заштита на народот”, ќе има ризик за безбедноста на Турција. При таква ситуација САД нема да приговораат против создавање на тампон зона од страна на Турција, се вели во извештаите на турските извори.

Слични содржини