– Секој граѓанин, со каков предизвик и да се соочи, градоначалникот, општината, ако треба цела држава, ќе застане зад него да помогне. Граѓаните ќе кажуваат што ќе се гради. Што ќе кажат граѓаните тоа ќе биде закон и за градоначалникот и за советниците и за извршната власт, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа од митингот во Берово.
Тој вети дека ќе изградат отворени општини, каде граѓаните секогаш ќе знаат како се трошат нивните пари, се наведува во соопштението од СДСМ.
– Не може во селата асфалт да нема. Ќе има рамномерен регионален развој во Македонија. Локален економски развој значи локални производствени капацитети. Целта мора да биде луѓето да имаат повеќе пари во местото каде живеат. Ако луѓето имаат пари, ќе останат да ни живеат во Македонија, рече Заев.
Лидерот на СДСМ, ги повика беровчани да ја дадат поддршката за Коалицијата „За живот во Македонија“ на престојните локални избори.