Заев: СДСМ ќе ги поддржи кадидатите на ДУИ во општините каде што смета дека тие веќе испорачале добри резултати

од Vladimir Zorba

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за предизборни коалициски договори на владејачките партии ДУИ и СДСМ, информира АлсатМ.

„Јас очекувам ние да влеземе како првопласирани, а после тоа да видиме кој нас ќе не поддржи. Во Чаир стоиме зад поранешниот заменик – министер за образование, заради тоа што е вреден кандидат, не постојат никакви сомневања за него, а најверојатно такви поддршки ќе испорачаме и во други општини, каде што мислиме дека кандидатите за градоначалници и те како се добри, работеле за граѓаните, или ако се нови – ќе работат за граѓаните, апсолутно под еднакво за сите граѓани, верувајќи во нивниот личен капацитет и во нивната целосна подготвеност за да се впуштат за добробит на граѓаните и самата нивна општина којашто ќе ја водат.” – изјави Зоран Заев/извор АлсатМ

Слични содржини