Заев: Во Брисел сме за да ја убедиме ЕК дека заслужуваме препорака за преговори во 2018

од desk4

Дојдовме со аргументи дека се создадени позитивни случувања по долгиот, одложен процес на нашите интеграции во ЕУ, порача премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа „Твитер“, за почекот на дводневната посета на Брисел.

Тој истакнува дека Владата ќе продолжи да ги спроведува реформите и волјата на граѓаните, но и да го убедуваат Брисел следната година да даде препорака за почеток на претпристапните преговори со ЕУ.

„Продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја, во интерес на граѓаните. Тука сме да ја покажеме подготвеноста на Македонија и да ја убедиме Европската комисија да донесе одлука за отпочнување на преговори за нашата земја во првата половина од 2018 година“, напиша Заев на Твитер.

Слични содржини