Двете најголеми партии на Албанците во Македонија работат во интерес на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, изјави синоќа Зоран Заев, претседателот на СДСМ во интервју за албанската телевизија „Топ ченел”, пренесе порталот МКД.мк.
Thaci_Ahemeti_Gruevski (1)

Во емисијата „Шќип“ на Ридина Џунга Заев рече дека ДУИ и ДПА се слуги на актуелната власт, која „целосно ги контролира албанските политички партии во Македонија“. Заев изјави дека има снимки на разговори од прислушувани раководители на политички партии и министри Албанци во Македонија, но и од Албанија.

„Тој материјал нема да го објавиме, бидејќи тоа не е етички за министрите на другите земји“, рече Заев и најави дека допрва ќе објавува снимки за злоупотреби на државниот буџет и за криминали.

Слични содржини