Жбогар: Следуваат реформи и деблокирање на eвроатланскиот процес

од Vladimir Zorba

Евроамбасадорот Самуел Жбогар по вчерашната средба со премиерот Заев изјави дека по деблокирањето на работата на Собранието и формирањето на новиот владин кабинет, следуваат реформи и деблокирање на  eвроатланскиот процес.

„Ние сметаме дека сега е моментот кога треба да започне вистинската работа. Да се започне со остварување на реформите, јас на средбата со премиерот ја изразив нашата подготвеност да помогнеме, да дадеме поддршка, ние сме подготвени да ги понудиме потребните препораки со цел владата да ги спроведе реформите, но на крајот одлуките треба да ги донесе самата влада. Ние, исто така, расправавме за важни прашања од дискусија со сите политички партии и со општеството и за потребните реформи за евроатланска интеграција на Македонија.“

Слични содржини