Зошто не гласаа Русите?

од desk3

 

Дури 40% од руските избирачи гласаа на изборите во неделата. Ниска излезност има понекогаш и на Запад. Само што таа не може да се споредува со она што се случи на 18 септември во Русија-анализира DW.

0-19560453_303-00

Набргу откако беа објавени првите резултати од изборите за Думата претседателот Путин и премиерот Медведев изразија задоволство пред публиката. Тие сепак дефинитивно не беа изненадени од исходот на гласањето. Бидејќи тоа дека партијата “Единствена Русија” ќе добие двотретинско мнозинство во Државната дума (вклучувајќи и благодарение на големиот број пратеници победници во едномандатните окрузи), веројато одамна е одлучено во кабинетите на Кремљ. Исто како и тоа дека во долниот дом на парламентот ќе влезат уште три партии кои фактички се контролираат од Кремљ.

Задоволството на руското раководство се должи на друго. Имено потсетуваме ма фактот дека сложенот демократски ритуал на изборите беше организиран така што да бидат избегнати масовните протести како оние пред пет години. Тогаш илјади Руси излегоа во студот на улиците на Москва и Санкт Петербург, за да го изразат своето незадоволство од изборните фалсификати и манипулации.

Навидум демократичност

Уште еднаш во Русија беше направено се што е можно за да се придаде демократски привид на изборите. На пример Кремљ го назначи новиот претседател на ЦИК, ја намали седум-процентната бариера на пет проценти и допушти до изборите критични партии кон власта . Од друга страна, сепак критичарите на Кремљ практично немаа никакви реални шанси. Не само затоа што со години ги клеветат како предавници. И овој пат различни државни органи постојано им создаваа пречки, додека владејачката партија “Единствена Русија” добиваше масивна медиумска и административна поддршка. На крајот предизборната борба беше безживотна и несодржајна. Таа мораше да им покаже на гласачите дека “Единствена Русија” всушност нема алтернатива. А слабиот одѕив од 40% покажува дека властите успеале да ја пренесат оваа помисла на избирачите.

Апатијата на Русинот

Овој показател сепак не треба да се споредува со слабиот одѕив во демократските држави. Бидејќи сите гласачи во Русија, до кои државата има, така да се каже директен, пристап (државни службеници, војници, соработници на државните индустриски и земјоделски претпријатија) во поголема или помала мера одат под поредок на гласање. За граѓаните надвор од големите градови е многу тешко да не се подлегне на тоа влијание. Единствено Русите кои не зависат економски од државните структури и живеат во големите градови како Москва и Санкт Петербург, можат до одреден степен да си дозволат да не гласаат. А одѕивот во овие руски метрополи не достигна дури и 30 проценти, што е најсветлиот пример за целокупната политичка апатија во Русија.

Во овој момент недостатокот на интерес за политиката е добредојдена за Кремљ. Но за каков легитимитет може да се зборува, откако над 70 проценти од московјаните не учествуваат на парламентарните избори, а во целата земја гласаат само 40% од избирачите? Демократскиот параван на денешна Русија почива на нестабилна основа.

Слични содржини