🎥Изјава на Вучиќ го насмеа регионот: „Имав 16, 17 години. Девојката ме остави…“

„Европа мисли дека Америка ќе ѝ се врати, дека оваа љубов е вечна. Не е. Никогаш нема да се врати“, рече Вучиќ во интервју за ТВ Блиц

од Vladimir Zorba
21 прегледи Фото: Инстаграм/Принтскрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи и во медиумите откако ги спореди проблемите на Србија во процесот на пристапување кон ЕУ со неговите љубовни маки кога имал 16, 17 години. Во интервју за ТВ Блиц, Вучиќ рече дека Европа, како и тој во младоста, не може да го прифати раскинувањето и сè уште чека враќање.

„Се сеќавам, имав 16, 17 години. Мојата девојка ме остави. Не можев да се освестам една година. И мислам, таа само чека да помине таа година за да може да биде со мене или не знам што… Истото важи и за Европа. Мисли дека Америка ќе ѝ се врати, дека оваа љубов е вечна. Не е. Никогаш нема да се врати, некој само треба да им објасни и да им каже“, рече Вучиќ.

Србија е кандидат за членство во ЕУ од 2012 година. Процесот стагнира поради прашања поврзани со владеењето на правото, Косово, слободата на медиумите и хармонизацијата со надворешната политика на ЕУ, вклучително и санкциите кон Русија.

Владата неодамна формираше оперативен тим за забрзување на пристапувањето, што Вучиќ го предложи на тематска седница.